Петровска – Кареирас: Северна Македонија и Португалија ја развиваат одбранбената соработка
Министерките за одбрана на Северна Македонија и на Португалија, Славјанка Петровска и Хелена Кареирас денеска во Брисел на средба разговарале за потенцијалот за развој на одбранбената соработка, за што наскоро се очекува да биде потпишан и Договор за соработка во одбраната.
– Потпишувањето на првиот договор за соработка во одбраната помеѓу Северна Македонија и Португалија кое го очекуваме наскоро, ќе ни биде нашиот патоказ како силно да ја развиеме сојузничката соработка помеѓу Северна Македонија и Португалија, рекла министерката Петровска, соопштија од МО.
Петровска нагласила дека Северна Македонија е активен сојузник во Алијансата и оти земјата е посветена на зацврстувањето на регионалната безбедност и стабилност, преку учеството во мисијата на НАТО на Косово, како и во мисијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина.
Северна Македонија е целосно прилагодена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, истакнала Петровска, потенцирајќи дека е потребно евроинтегративниот пат на земјите од Западниот Балкан да биде ефикасен и брз.
Министерката Кареирас истакнала дека земјите со веќе усогласениот текст на Договорот за соработка го направија првиот чекор кон развојот на одбранбената соработка и оти таа соработка има голем потенцијал за развој во иднина.
Ново на Сител
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп