Петровска: Мирен, безбеден и стабилен регион е клучен приоритет за Македонија и Косово
Соработка за мирен и безбеден регион, стабилноста на Западниот Балкан е клучен приоритет за Северна Македонија и Косово, објави министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот официјален фејсбук профил.
– На денешната средба со косовскиот министер за одбрана, Арбен Мехај, разменивме мислења за актуелните геополитички предизвици, за придонесот на Северна Македонија во одржувањето на регионалната безбедност и стабилност, вклучително и преку учеството во НАТО мисијата КФОР, напиша Петровска, кој денеска престојува во посета на Косово.
Таа информира дека е потпишан нов Меморандум за соработка, како продолжување на веќе воспоставената соработка што ги опфаќа справувањето со дезинформациите, безбедносната и одбранбена политика, процесот на планирање, програмирање, буџетирање и извршување, медицинската обука и военото образование.
Ново на Сител
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи