-->
-->
Петровска: Против дивата депонија во Јурумлери
-->
Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од „Зелен хуман град“ Ана Петровска, пред граѓаните на општина Гази Баба најави борба против дивата депонија во Јурумлери.
– Има решение и тоа е заедничка работа на Градот Скопје, општина Гази Баба и ЈП Водовод и канализација. Депонијата мора да се исчисти, да се стави под видео-надзор и трајно да се зазелени. Куќите да се приклучат кон канализациската мрежа, а потегот покрај Вардар да се претвори во континуиран линиски парк со велосипедска улица, изјави Петровска.
Скопје мора да биде зелен хуман град, порача Петровска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Вистински пустош направи силното невреме во Прилеп и Долнени
