Петровска во Љубљана на средби со Шарец и Пахор
– Министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со делегација од Министерството и Армијата, на покана на словенечкиот министер за одбрана Марјан Шарец, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Словенија.
За време на посетата министерката Петровска ќе има средба со министерот Шарец, по што ќе се одржат и билатерални разговори меѓу двете делегации, соопшти МО.
Петровска денеска во Љубљана ќе се сретне и со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, а ќе се обрати и на церемонијата по повод примопредавањето на музејски експонат – против-авионски топ од германско производство од Втората светска војна, кој Северна Македонија и го предаде на Словенија, настан што ќе се реализира во Паркот на воена историја во Пивка.
Во текот на посетата, министерката Петровска ќе присуствува на вежба во Воздухопловна база на словенечките вооружени сили во Церкље об Крки и ќе го посети регионалното Школо за операции воздух – земја.
Ново на Сител
-
АМСМ: Намалена видливост до 30 и 50 метри кај Неготино и Демир Капија
-
Германска министерка се изјасни за забрана на огномети во Германија
-
Прогласена воздушна тревога во Одеса поради закана од ракетен напад
-
Низ патарините лани поминале 62.662.988 возила, ЈПДП со приход од над 66.5 милиони евра
-
Уапсен кичевчанец, пренесувал мигранти од Кина
-
Прва крводарителска акција во 2025 година во Делчево
-
Трамп: САД се катастрофа, „смешка“ во очите на светот
-
Девојче е првото родено бебе во Куманово