Македонија
27. August 2021 - 20:13

Петровска: „Зелен хуман град“ има свои предлози, но најважно е што таму има луѓе со чисто срце

Политичките партии имаат моќни структури. „Зелен хуман град“ има свои предлози, но најважно е што таму има луѓе со чисто срце, изјави вечерва во Тема на денот на Сител Телевизија независната кандидатка за градоначалничка на град Скопје, Ана Петровска, која е поддржана од иницијативата „Зелен хуман град“.

Според неа, иницијативата има своја визија за градот и во централното и на периферијата на градот.

-Таа се состои од 20 активистички групи и поединци, а носител на листата на советници ќе биде Драгана Велковска, информира Петровска, додавајќи дека се кандидирала затоа што имаме големи проблеми со животната средина во градот и непланираното урбанистичко градење.

-Загадувањето е главен и комплексен проблем. Тука се контролирање на инсталациите со интегрирана дозвола, чистење на депониите, стрништата што се палат, изградба на фекална канализација и изградба на пречистителна станица, вели Петровска и потенцира имала добра соработка со градоначалникот Шилегов во врска со животната средина, додека беше директорка на ДИЖС.

Таа смета дека ги нарушиле калкулациите на политичките парии и можни се големи изненадувања.

-Битно ни е да имаме голема застапеност во советот, вели Петровска, во гостувањето на дневникот на ТВ Сител.