-->
-->
„Петрунија“ и „Џган“ на Школка во Градски парк
-->
Во рамки на првиот летен фестивал „Summerland“ кој се одржува под покровителство на Град Скопје, вечер и утревечер на Школка во Градски парк ќе бидат прикажани два македонски филма.
Од 21 часот вечер е новиот филм на Теона Стругар-Митевска – „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, а утре од 21.30 часот ќе биде прикажан првиот долгометражен филм на Вардан Тозија – „Џган“. Проекциите на отворено се бесплатни и ги организираат Младинскиот културен центар и кино „Милениум“.
Минатата година во јуни скопјани имаа можност на отворено да ги видат „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески и документарецот „Avec l’amour“ на Илија Цветковски, а во септември беа прикажани и „Ирационален човек“ на Вуди Ален и „Големата убавина“ на Паоло Сорентино.
-Бесплатните филмски проекции привлекоа стотици посетители во Градскиот парк и ја збогатија летната културна понуда. Град Скопје, МКЦ и кино „Милениум“ и овојпат ветуваат забавни вечери на отворено, со добри филмови. Во паркот се наместени меки фотелји, а посетителите може да си понесат и камперски столчиња, ќебиња, храна и пијалаци, соопшти Град Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пад на индустриското производство од 7,9% во септември
-
Тема на денот со Благој Бочварски, СДСМ
-
Први пратенички прашања за Мицкоски, Филипче му побара оставка
-
Реакции по извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
-
Екс министерката Костадиновска заработи кривична пријава за Универзална
-
Се уште нема никаква одговорност за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце
-
АХВ: Потврден случај на птичји грип кај угината гуска во Злокуќани
-
Побарано да се забрани внес на нови животни во скопската зоолошка