Петта ноќ протести во Мароко, судири меѓу млади и полиција, две лица убиени

Две лица беа убиени во Мароко синоќа во обид за напад врз полициска станица во близина на градот Агадир. Загинатите биле вклучени во групен напад врз место каде што биле стационирани жандармериски единици, соопштија локалните медиуми.
Млади лица со маски се судрија со безбедносните сили во неколку марокански градови синоќа за време на петтиот ден од антивладините протести, додека демонстрантите вандализираа имот и палеа возила.
Протестите, организирани од анонимната младинска група „ГенЗ 212“ преку ТикТок, Инстаграм и платформата Дискорд, започнаа во саботата со барања за подобро образование и здравствена заштита.
Стапката на невработеност кај младите во Мароко е речиси 36 проценти, додека кај дипломираните студенти е 19 проценти.
Немирите ескалираа во вторникот вечерта, кога демонстрантите нападнаа полиција и ограбија продавници, а властите соопштија дека 263 припадници на безбедносните сили и 23 цивили се повредени.
Досега се приведени 409 лица, од кои 193 ќе се појават на суд, претежно со кауција.
Најинтензивните судири беа забележани во градовите во близина на Агадир, каде што беа запалени општински згради, банки и автомобили, додека мирни протести се одржаа во Казабланка, Уеда и Таз.
Демонстрантите таму побараа оставка од премиерот Азиз Ахануш и крај на корупцијата.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека го поддржува правото на протест во рамките на законот и дека безбедносните сили ќе дејствуваат воздржано.
Групата „ГенЗ 212“ на социјалните мрежи објави дека го отфрла насилството и дека ќе продолжи со мирните протести.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Бајден дозволи во САД да влезат десетина милиони илегални криминалци
-

Македонските превозници го блокираа „Ќафасан“ за товарни возила, патничкиот сообраќај се одвива непречено
-

Кремљ: Преговорите за Украина сè уште се во рана фаза
-

Двајца малолетници од Радовиш запалиле паркиран автобус
-

Гостин за моментот на избувнување на пожарот во „Пулс“: Не го забележавме, кажаа од бендот, пред излезот веќе настана стампедо и се чувствуваше мирис на чад
-

Четворица кандидати досега се пријавиле на огласот за државен јавен обвинител, рокот истекува на полноќ
-

Поскапуваат дизел горивата, цените на бензините не се менуваат
-

Протест на превозниците: Блокиран сообраќајот за камиони на сите гранични премини
