Петта „Ролер трка 2016“ во Скопје
Петтата „Ролер трка 2016“ наречена „Возиме кон иднината“ ќе се одржи денеска со почеток во 12 часот. Стартот ќе биде на булеварот „Илинден“, пред фонтаната на Градскиот парк, а ќе се вози до клучката на булеварот „Илинден“ со улицата „Никола Тесла“ или кај ЈП „Паркови и зеленило“.
Организатори на оваа спортска манифестација се Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје. Ќе учествуваат сите основни училишта од градот и околината со учесници од по 15 момчиња и 15 девојчиња, на возраст од петто до деветто одделение.
- Целта на оваа рекреативна масовна акција е развивање на спортскиот дух на нашите најмлади, како и создавање навики за спортување. Со унапредувањето на ролер спортот, градот ќе се збогати со уште една масовна манифестација, која има тенденција да прерасне во традиционална, информира Детскиот културен центар „Карпош“.
На ролеријадата ќе бидат доделени по три награди за најуспешните ученици во машка и женска категорија.
Детскиот културен центар „Карпош“ информира дека лани во манифестацијата „Возиме кон иднината“ се вклучиле околу 700 учесници.
Ново на Сител
-
Планинарот кој исчезна кај Велес е пронајден починат
-
СДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС сонува лоши сонови, наместо да ги прераскажуваат истите, нека се информираат за истрагата за Кочани
-
Пет лица уапсени во Куманово за брзо возење, едниот од нив имал 2.17 промили алкохол во крвта
-
ЕУРОСУПЕР БС-95 и дизелот поевтинуваат за половина денар
-
Следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремен дожд, грмежи и ветер
-
Палевски: Не сум монструм, ниту убиец
-
Исчезнат велешанецот Стојче Пецевски