Петта ротација на словачки полицајци во Македонија

Дваесет и пет припадници на полицијата на Словачка денеска ќе пристигнат во Македонија за да спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, информира денеска Амбасадата на Република Словачка во Скопје.
Петтата ротација на 25-те припадници на словачката полиција е врз основа на Меморандумот за разбирање помеѓу министерствата за внатрешни работи на Република Словачка и Република Македонија.
Словачките полицајци, како што се наведува во соопштението од Амбасадата на Словачка, ќе спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, со цел превенција во областа на јавната безбедност и неовластеното преминување на државната граница. Словачка полициска единица ќе биде повторно распоредена во областа на Дојранското Езеро.
Полицајците ќе бидат соодветно опремени – со теренски моторни возила, термални камери и уреди за ноќно гледање. Мандатот на словачката полициска мисија ќе биде 30 дена со можност за продолжување.
Република Словачка досега испрати вкупно 125 полициски службеници во Македонија што е најголем придонес по глава на жител од осумте странски држави кои учествуваат во заедничките операции во Република Македонија. Покрај досега испратените 125 полицајци на македонско – грчката граница, дополнителни 15 словачки полицајци моментално се распоредени на македонско – српската граница.
Помошта е израз на солидарност во решавањето на мигрантската криза и во контекстот на актуелното словачкото претседателство во Советот на ЕУ, каде еден од приоритетите е “одржлива мигрантска и азилска политика”.
Ново на Сител
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
-

Захарова: Европа ќе биде првата жртва ако Зеленски добие нуклеарно оружје
-

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ дава резултат, во понеделник очекувам поевтинување на бензините
-

Трамп најави дека Куба е „следна“
-

Прекумерната тежина е сериозна хронична болест во Македонија
-

Во Македонија горивата до 30 отсто поевтини отколку кај соседите
-

Во Турција уапсен претседател на македонски фудбалски клуб, шверцувал злато
-

Почнува летното сметање на времето
