Пијан Авганистанец со нож ранил четири лица во Франција

Пијан мигрант по потекло од Авганистан со нож им нанесе повреди на четири лица во центарот на градот Периго во југозападна Франција, соопшти денеска француската полиција.
Според плолицијата, 20-годишниот Афганистанец, кој имал поднесено барање за азил во Франција, синоќа гол до појас излегол пред зградата во која живеел и вооружен со нож им се заканувал на група девојки, кои во моментот минувале од тука.
Потоа нападнал двајца повразасни мажи нанесувајќи им убодни рани. Едниот од нив, на возраст од 64 години, се здобил со посериозни повреди, но е вон животна опасност.
Напаѓачот го онеспособиле комунални работници, при што Авганистаноцот им нанел убодни рани и на двајца од нив.
По онеспособувањето, напаѓот би приведен од полицијата. Мотивите за нападот засега не се познати, а полицијата води истрага за случајот.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
