Пијан малолетник дивеел пред СЦ „Борис Трајковски“ на Таксират

Малолетник во алкохолизирана состојба дивеел пред Спортскиот Центар Борис Трајковски во саботата вечерта, по што бил приведен во полициска станица.
Додека се одржувал концерт, непознато лице кое било во видно алхохолизирана состојба се однесувало дрско и непристојно викајќи на висок тон да го пуштат внатре, ги буткал и удирал оградите пред салата и се туркал со обезбедувањето. Од страна на полициски службеници било пристапено кон легитимирање, но лицето одбивало да даде било какви податоци и започнало да ги омаловажува полициските службеници, информираат од МВР.
Од полицијата посочуваат дека лицето е приведено во полициска станица, при што е констатирано дека станува збор за 17 годишно лице од Скопје, а по кратко време во полициската станица дошол и неговиот родител.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

Туск: Русија го наруши воздушниот простор на Полска при ноќешните напади врз Украина
-

Возач од Гевгелија фатен со речиси двојно поголема брзина од дозволената
-

Продолжува гаснењето на пожарите на грчките острови Крит и Лезбос
-

Ревизијата утврди недоследности во работењето на ФЗО
-

Андоновски и Ангеловски ќе ги промовираат новите електронски услуги на Државниот инспекторат за земјоделство
-

Во Словенија прогласена портокалова и црвена фаза на опасност од пожари поради топлотниот бран
-

Православните денес ја слават Света великомаченица Марина – позната како Огнена Марија
-

Во Собранието последна седница за пратенички прашања пред годишните одмори
