Пијан скопјанец нападнат на булеварот „Јане Сандански“ кај ТЦ „Бисер“

Вчера, околу 23:20 часот 54-годишниот С.С. пријавил дека истиот ден околу 19:30 часот додека се движел по булеварот “Јане Сандански“ кај Трговскиот центар “Бисер“ пред угостителски објект физички бил нападнат од страна на три непознати лица на возраст од 20-25 години.
Лицата го нападнале удирајќи го со раце во пределот на лицето, при што му биле нанесени видливи повреди. С.С. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“, но бидејќи бил под дејство на алкохол, прво бил однесен на клиниката за токсикологија, каде му била укажана лекарска помош, а потоа бил однесен во Ургентниот центар, каде по извршениот преглед и ренгенска снимка била констатирана тешка телесна повреда (фрактура на нос).
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Со 64 гласа Собранието го усвои ребалансот на буџетот
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ
-

Гостиварци може да ја користат водата како техничка, но не и за пиење
-

Непочитувањето на мерките може да ја продолжи епидемијата во Гостивар
-

Поскапуваат бензините, дизелот и парното греење
-

Дополнетиот ребаланс на буџетот на пленарна седница
-

Шпанскиот државен секретар за ЕУ во посета на Македонија – интеграциите и односите со Бугарија во фокус на разговорите
-

Без дозвола и без регистрација – малолетници дивеат во сообраќајот
