-->
-->
Пијанец и Малешевијата под снег
-->

Делчевци утрово се разбудија под снежна покривка, прва за 2020 година. Снегот е најизразен на повисоките места, а најмногу наврна на планината Голак. Како што информираат вработените во ЈП „Македонски шуми” подружница Голак – Делчево, кои вршат обиколка на теренот, снежната покривка изнесува 20 сантиметри.
-Поради тоа што на Голак и минатата недела падна снег, снежната покривка е поголема и изнесува од 15 до 20 сантиметри. Теренот е тешко прооден и затоа сакаме да ги информираме граѓаните кои немаат добри зимски гуми да не ризикуваат за искачување, бидејќи од третиот километар до Голак патот е непрооден, информира делчевската подружница.

Од „Македонија пат” која е одговорна за одржување на овој патен правец соопштија дека од утрово се расчистени главните патни правци на кои има снежни наноси, меѓу нив и патот до граничен премин Делчево.
-Патот Делчево – Голак е помалку фреквентен во работна недела и затоа приоритет ни беа останатите поважни патишта каде има поголема концентрација на возила. По целосното нивно расчистување ќе продолжиме со работа и на останатите делници под наша надлежност, меѓу кој и патниот правец до Голак, информираат од „Македонија пат”.
Освен во Делчево, утрово снежна покривка има и во Пехчево и Берово. Таму, како што информираат надлежните, снег има на повисоките места, додека по градските сообраќајници снегот не се задржува.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Посебен сообраќаен режим кон градските гробишта поради Задушница
-

Шасивари: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот мора да се одземе
-

Во Берото утрово најстудено, во Гевгелија 3 степени
-

Митровденска задушница - спомен за починатите
-

Уапсен вооружен маж во близина на Белата куќа: Тврдел дека гласови му наредиле да го убие Трамп
-

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај
-

Русија со нови ракетни напади врз Киев, одекнаа десетици експлозии
-

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд
