Пијанечки денови на сливата во Делчево

Делчево се подготвува за 5. Денови на пијанечката слива кои по традиција се одржуваат во месец септември на крајот на бербата на сливите.
Советникот за ЛЕР од општина Делчево Тони Стоименовски, денеска ги повика производителите од регионот, училиштата, институциите, домаќинките, но и производителите на домашна сливова ракија, да се пријават во општината и да земат учество на јубилејните денови на пијанечката слива со цел да го збогатат настанот и да ги изложат своите специјалитети подготвени од сливи.
- Деновите на пијанечката слива ќе се одржат на 23 септември во попладневните часови. Ова е уникатна можност нашите домаќини да ги изложат своите специјалитети од слива. Посетителите ќе имаат можност и на лице место да видат како се вари слатко, мармалад од слива, но и како се вари ракија, бидјеќи знаеме дека во овој крај се вари добра сливова ракија, рече Стоименовски.
Тој додаде дека за годинава општина Делчево подготвува и парични награди за најдобрите производи.
- За прцо место предвидена е парична награда од 12 илјади денари, за второ 6 илјади денари, а за трето награда од три илјади денари. Комисија ќе ги оценува понудените специјалитети и се надеваме дека, како и секоја година, и оваа ќе има уникатни специјалитети, рече Стоименовски.
Освен штандовите, на летната сцена свои концерти ќе имаат и неколку културно-уметнички друштва од регионот, а за вечерта е најавен концерт на Наум Петрески и Зуица Лазова. Инаку Делчево, модрата слива ја смета за свој бренд, бидејќи е најзастапена овоштарска гранка која ја има на 700 хектари површина. Во добра земјоделска реколта само од Пијанец годишно на пазарот излегуваат над 2 илјади тони сливи.
Ново на Сител
-

Јаневска: Врсничкото насилство бара заедничка одговорност, родителите мора повеќе да се вклучат
-

Италија планира да ги казнува возачите кои возат пребавно во левата лента
-

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово
-

36-годишник уценувал девојка со интимни фотографии, барал пари и сексуални услуги
-

16-годишна прилепчанка пријавила дека била претепана од партнерот и неговиот татко
-

ЕУ предупредува: Алгоритмот на ТикТок ги изложува корисниците на содржини штетни за менталното здравје
-

Кумановец нападнал полицаец при обид да биде приведен
-

Мицкоски: Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот
