-->
-->
Пилотите на Луфтханза нема да штрајкуваат до јуни 2023 година
-->
Договорот за плата склучен минатата недела помеѓу германската авиокомпанија Луфтханза и нејзините пилоти може да значи само „прекин на огнот“ во преговори помеѓу компанијата и синдикатот до јуни следната година, објави германската новинска агенција ДПА.
Според Луфтханза и Синдикатот на пилотите договорот вклучува значително зголемување на платите, но исто така остава за преговарање одредени прашања, за чие решавање краен рок е 30 јуни 2023 година. Исто така договорот вклучува пилотите до јуни 2023 да не штрајкуваат.
Околу 5.000 пилоти во основната авиокомпанија на Луфтханза и нејзината подружница Луфтханза карго ќе добијат зголемувања на основна месечна плата за околу 490 евра бруто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Средба Мицкоски - Ердоган
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка
-
Гаши: Кривичниот законик ќе се менува по предлог на пратениците, а не по барање на Уставен
-
Ден на ретките болести - Пациентите побараа државата да донесе национална стратегија