-->
-->
Пинг понг федерацијата на Македонија отвoра нов тренинг центар во Скопје
-->
ППФМ како дел од реализацијата на своите долгорочни планови за подигање на пинг понгот во Република Македонија ја отвора пинг понгарската школа во спортскиот центар Борис Трајковски. Целна група на школата се играчи на возраст од 6 до 14 година, што би довело на продукција на една нова генерација на играчи кои во перспектива би го имале главниот збор во македонскиот пинг понг. Од таа генерација ППФМ очекува достојно да ја претставува Македонија на сите значајни натпреварувања. После поприлично долг временски периот ППФМ е предводена од тим кој има јасна визија и зацртани цели за просперитет на пинг понгот во Македонија.
Школата за млади играчи претставува еден од столбовите врз кои ќе се гради иднината на македонскиот пинг понг. За таа цел се ангажирани тренери чии што имиња значат во пинг понгарската фела. Реномираниот тренер Владимир Закиќ, од Војводина, Србија и македонската пинг понгарска легенда Миле Петрески, повеќекратен шампион на Македонија во пинг понг. За господинот Закиќ, доволно е да се спомне дека тренирал многи играчи кои своевремено биле звучни имиња во пинг понгот, како Гордана Перкуќин. Исто така Закиќ бил селектор на репрезентации на државите од екс југославија и со сите репрезентации освојувал медали на големите натпреварувања. Со клубовите кои ги водел ги освојувал државните првенства. Учествувал на многу семинари и има огромен придонес во унапредување на тренажниот процес, пред се на индивидуален план со секој играч поединечно. Затоа како препорака до сите родители чии што дечиња имат афинитети кон пинг понгот, ППФМ апелира да ја искористат оваа шанса и да им овозможат на своите деца да тренираат пинг понг. И за крај како лајтмотив нека им послужи изреката. Фудбал, кошарка, ракомет... можат да играат сите, но пинг понг само најдобрите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинителството бара притвор за 42-годишната жена која вчера со автомобил удри во пешак
-
Малолетничка од Скопје физички нападната од таткото и братот
-
Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Скопје
-
Утре во 17 часот нов протестен марш во Скопје за Фросина
-
Вучиќ: Тргнаа во напад на Србија однадвор, поддржани од многумина одвнатре
-
Кумановка измамена за 30.000 евра - повторно измамата во која наводно нејзина ќерка прегазила дете
-
Мицкоски: Надлежните се на терен во сите поголеми супермаркети, се прави анализа, детали од понеделник
-
Поранешниот германски претседател Хорст Келер почина на 81-годишна возраст