Пишев:Фирмата на сопственикот на „Цареви кули“ добивала јавни набавки за се

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев, на денешната прес конференција во Струмица обвини дека градоначалникот на Струмица Зоран Заев, на формалниот сопственик на хотелскиот комплекс „Цареви кули“ му овозможувал приходи и преку јавни набавки директно со општината и преку ЈПКД „Комуналец“ од Струмица.
Пишев презентираше документи, од кои вели дека се потврдуваат неговите наоди.
- Денес презентираме нови документи од кои се гледа дека истата „Чам чифлик“ ГОЛД ДООЕЛ, која тера угостителски бизнис во незаконски легализираниот луксузен комплекс над Цареви кули, добивала тендери и за вилушкари, и за одржување цвеќарници, и за изведба на тротоари, за монтажа на спомен плочи, уредување раскрсници, чистење банкини и што ли уште не, рече меѓу другото Пишев.
Пишев наброи 20 јавни набавки склучени меѓу општинските власти и фирмата „Чам- чифлик“ ГОЛД ДООЕЛ во периодот од мај 2010 година до јануари 2013, во вкупна вредност од 8.462.009 денари.
- Зоран Заев мора да одговори, што стои зад оваа бизнис верност која ја има изградено со Коце Ристовски и неговата „Чам Чифлик“ ГОЛД ДООЕЛ. Дали кутриот Коце Ристовски кој неумешно се објаснува и заканува пред медиумите е само формален сопственик на незаконски легализираниот луксузен комплекс и формален сопственик на фирмата која добива тендери за се' и сешто во Струмица, праша Пишев.
Додаде дека јавноста отворено се сомневала дали се работи за верно пријателство помеѓу Коце Ристовски и Зоран Заев или се работело за взаемен бизнис интерес.
Ново на Сител
-

Македонското еколошко друштво започнува нов проект за обнова на популацијата на белоглавиот мршојадец во Македонија
-

Димитриеска-Кочоска: Државната помош не смее да биде товар врз јавните финансии, туку инвестиција во конкурентноста и одржливиот раст
-

Мицкоски: Со нова градинка во општина Ѓорче Петров до помали листи на чекање
-

Николоски: Воведуваме уште две нови авиолинии кон Италија, од јули ќе се лета кон Алгеро Сардинија и Палермо
-

Заврши процесот на регистрација и доброволна дерегистрација на ДДВ обврзниците
-

ЗОИ2026: Злато за Австрија во скијачки скокови, натпреварувањето прекинато
-

МБА: Од 1 март 2026 година почнува примена на засилена автентикација при електронски плаќања
-

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје
