Македонија
5. April 2016 - 17:52

Пиштар Лутфиу ја презеде функцијата министер за образование и наука

Новоизбраниот министер за образование и наука Пиштар Лутфиу денеска и официјално ја презеде функцијата од досегашниот министер Абдилаќим Адеми.
 
- Ќе продолжиме да ја имплементираме програмата на Владата во областа на образованието и науката. Тоа што е зацртано е амбициозна програма, бара многу напори, финансиски средства и соработка. Се надевам дека како и со досегашната динамика со која работевме како Влада ќе продолжиме и понатаму, посочи Лутфиу.
 
Како што соопшти денеска МОН, досегашниот министер Адеми му посака успешна работа на новиот министер за образование и наука.