-->
-->
Пјонгјанг можно е да поседува над 21 атомска бомба, тврдат американски експерти
-->
Постои можност Северна Кореја да располага со над 21 атомска бомба, тврдат експерти од американскиот истражувачки Институт за наука и меѓународна безбедност, со седиште во Вашингтон.
Според експертите, можно е Пјонгјанг да произвел најмалку шест атомски бомби во последните 18 месеци, со што се зголемува неговиот нуклеарен арсенал на најмалку 21 бомба. Тие своите тврдења ги поткрепуваат врз основа на количеството плутониум за воени цели и на високозбогатен ураниум, кои Северна Кореја може да ги произвела во нуклеарниот комплекс Јонбон.
Кон крајот на 2014 година американскиот Институт го оценуваше нуклеарното оружје на Северна Кореја меѓу 10 и 16 атомски бомби.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер