Пјонгјанг се заканува со откажување на средбата Трамп-Ким
Северна Кореја денеска се закани со откажување на средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун превидена за 12 јуни во Сингапур, поради најавените јужнекоројско-американски воени вежби, јави ДПА.
Од истите причини, властите во Пјонгјанг ги откажаа и за утре предвидените разговори на високо ниво меѓу претставници на Северна и Јужна Кореја.
Како што јави јужнокорејската агенција Јонхап, Северна Кореја оценува дека воените вежби претставуваат проба за можна инвазија врз земјата.
- Оваа вежба во Јужна Кореја чија цел сме ние, претставува флагрантен предизвик за Декларацијата од Панмунџом и намерна воена провокација насочена против позитивниот политички развој на Корејскиот Полуостров, се наведува во реакцијата на севенокорејските власти.
Во текстот натаму се додава дека САД „треба внимателно да размислат за судбината на планираниот Самит меѓу Северна Кореја-САД“, имајќи го предвид „провокативниот воен потег организиран заеднички со јужнокорејските власти".
Утрешниот состанок меѓу официјалните претставници од Северна и Јужна Кореја требаше да биде продолжение на историскиот самит што се одржа минатиот месец меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин.
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти се уште чекаат на ветените вработувања
-
Коцевски: Приоритетите за предмети за корупција не се под влијание на власта или опозицијата
-
Судијка од Велес фалсификувала пресуда
-
Се слави Стара Нова година
-
Традиционални странчинарски игри во селото Мокриево под Беласица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се затвори завесата на Вевчанскиот карневал
-
Пуштена во употреба делницата Градско - Дреново