Планот 3-6-9+ пред амбасадорите на земјите членки на Унијата

Направивме целосна имплементација на сите забелешки и препораки содржани во извештаите на Европската Комисија, со особен акцент на препораките на експертската група предводена од Рајнхард Прибе. Интенција на Владата е Планот 3-6-9 да ја заокружи реформската потреба на Република Македонија, за откочување на евроинтегративните процеси.
Ова го истакна заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, кој денеска ги презентираше новите делови, шест и девет, од Планот 3-6-9, пред амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Македонија.
Како што соопшти СЕП, тој ги повтори очекувањата на Владата за конкретни чекори од стана на Европската Унија, но и на земјите – членки на Унијата, во насока на визибилноста на европските перспективи во Македонија, согласно успешната имплементација на Планот 3-6-9, но и согласно успешноста во адресирањето на отворените политички прашања.
- Пред нас имаме процес на имплементација на сериозни реформи, политички чекори насочени како придобивка за следните генерации, а не за следните избори. Владата храбро влезе во реализација на овие реформи и согласно нивната испорака, граѓаните ќе очекуваат испорака и од страна на ЕУ, истакна Османи.
Османи, се додава, нагласи дека Планот 3-6-9 претставува добра основа за изградба широк општествен консензус, за што веќе се остварени средби со претседателот на државата, одржана е трибина со граѓанскиот сектор, на која се презентираше Планот, а се прават напори за создавање директни канали на комуникација и со опозицијата, од каде се добиваат позитивни сигнали, итн.
- Во наредниот период, ќе се посветиме на изградбата на широк општествен и политички консензус за Планот 3-6-9, со цел да ги издвоиме интеграциите во ЕУ и НАТО од дневната политичка дебата, и со тоа, да ја искористиме историската шанса за во 2018 година да го затвориме прашањето за ЕУ и НАТО, изјави Османи, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Земале пари и златен накит од битолчанка за наводна операција на нејзината ќерка - Кривична пријава за три лица
-

Муцунски за уставните измени и спорот со Бугарија: Кардиналните грешки на нашите претходници не може да се решат преку ноќ, планирам средба со мојот бугарски колега
-

Три години силувал и злоупотребувал дете за креирање на порнографски содржини - Обвинителството побара притвор
-

Биљана Ангелова реизбрана за ректорка на УКИМ
-

Трамп: Американците немаат поблиски сојузници од Британците
-

Светска банка: Цените на енергенсите ќе пораснат за 24 отсто во 2026 година поради кризата на Блискиот Исток
-

Виктор Орбан предлага да се повлече од раководството на партијата ФИДЕС, одлуката ќе биде донесена во јуни
-

Иран: Ќе дозволиме премин низ Ормуската Теснина по војната само во согласност со протоколите
