Плишкова со нов трофеј од Кина
Каролина Плишкова ја освои својата четврта титула во 2019 година, уште еднаш покажувајќи дека е една од најпостојаните тенисерки оваа сезона, лесно совладувајќи ја Хрватката Петра Мартиќ со 6:3/6:2 во финалето на Женгжу опен во Кина.
Првата носителка доминираше на турнирот за во своето петто финале во 2019 година, да стигне до четвртата титула по трофеите во Бризбејн, Рома и Истбурн.
Во Нанчанг пак, Швеѓанката Ребека Петерсон стигна до својата деби ВТА титула со убедлива 6:2/6:0 победа над Казахстанката Елена Рибакина, правејќи 5 брејка во меч кој траеше точно еден час.
20-годишната Рибакина беше очигледно уморна по мечевите во три сета во четврт-финалето и полуфиналето и направи 11 неизнудени грешки, додека 24-годишната Швеѓанка беше стабилна во својата игра со 83 отсто освоени поени на прв сервис.
Во јапонското финале на Јапонија опен во Хирошима, Нао Хибино ја совлада својата партнерка во двојки, Мисаки Дои со 6:3/6:2 за прва титула од 2015 година. Ова беше прво јапонско финале на ВТА турнејата по 22 години
Ново на Сител
-
Детали од вчерашната сообраќајка во Охрид - Загина 23 годишен мотоциклист
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Пожар зафати објект во росоманско Крушевица
-
Франција пред политичка неизвесност откако ниту една политичка опција не доби апсолутно мнозинство
-
Еврото падна поради изборите во Франција
-
ДКСК ќе одржи седница
-
Владината делегација ќе учествуваат на Самитот на НАТО во Вашингтон, ќе остварат бројни средби
-
Земјотрес со интензитет од 3,2 степени според Рихтер реистриран во подрачјето на Охрид