-->
-->
Пливачки маратон на Велешко Езеро
-->
Во организација на Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28“ и Кајакарскиот клуб „Бабуна“ од Велес, денеска на Езерото „Младост“ ќе се одржи четвртиот Велешки пливачки маратон.
Манифестацијата е под покровителство на Општина Велес.
Како што информира Роберт Папазов од Организацискиот одбор, и годинава ќе се плива во три категории, на 2,5 на 5 и на 10 километри во олимписка дисциплина во машка и женска конкуренција.
- Заради безбедност на пливачите оваа година патеката е потесна и подолга, појасни Папазов.
Според Илија Попов, исто така од Организацискиот одбор, за Маратонот се одбрани врвни судии, а за пливачите ќе се грижат кајакари и спасители од Општинскиот Црвен крст.
За натпреварувачкиот дел на Маратонот се пријавени 30, рекреативниот 40 лица. Најдобрите ќе добијат парични награди.
Стартот е во 10 часот за рекреативците и во 12 часот за професионалците во машка и женска категорија. Во 15 часот организаторите закажаа свечено доделување на наградите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ нема да гласа за разрешувањата во судството
-
Нов закон за сезонски работници
-
Со 1,6 милиони евра Штип ќе го реконструира акрополот на Исарот
-
Преглед на вестите од светот
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите