По 12.000 денари за новороденчињата и пакет производи за мајките од Кисела Вода
Во пресрет на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, Општина Кисела Вода ја зајакнува поддршката за семејствата со новороденчиња преку зголемување на финансиската помош на 12.000 денари и воведување нова придобивка – пакет со основни производи за мајките и нивните бебиња.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и претседателката на Советот, Светлана Колариќ, денеска доделиле 105 ваучери на семејства со новороденчиња, со што е официјализирана новата мерка.
- Целта е да се обезбеди дополнителна поддршка во првите денови од мајчинството. 8 Март е Денот на жената, симбол на силата, љубовта и пожртвуваноста на жените. Тоа е ден кога ја славиме нивната улога во општеството, во семејството, како носители на новиот живот и столб на секоја заедница. Токму затоа, во пресрет на овој голем ден ја започнуваме новата мерка со која на секое новороденче во нашата општина ќе му биде доделена двојно поголема финансиска поддршка – наместо досегашните 6.000, од сега исплаќаме по 12.000 денари, соопшти Општина Кисела Вода.
Дополнително, првпат во рамки на оваа мерка, мајките ќе добиваат и пакети со основни производи за првите денови од мајчинството, производи наменети за грижа и нега на здравјето на мајката и новороденчето.
- Посебна благодарност упатувам до компанијата „Мако Маркет”, која со својата општествена одговорност помогна во реализацијата на овој сегмент од мерката и со која договоривме истата континуирано да се спроведува во текот на целата година. Оваа иницијатива ја претставуваме токму на 8 Март, во чест на сите мајки, ќерки, баби, сестри – сите жени, кои со својата сила, љубов и труд го движат нашето општество напред, изјавил градоначалникот Ѓорѓиевски.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст