Македонија
20. March 2020 - 17:42

По 13 месеци пронајден мртов изчезнатиот скопјанец Абдул Алибен

Семејството на скопјанецот Алибен Абдул ја информира јавноста дека нивниот татко, кој беше исчезнат 13 месеци е починат.

Со огромна болка и тага сакаме да споделиме со Вас дека моштите на нашиот татко Алибен Абдул беа пронајдени. Денес нашето семејство ја доби оваа вест која ја споделуваме со цел да се заблагодариме на сите кои безрезервно ни беа поддршка и сила во изминативе 13 месеци. За сите кои се инвестираа во потрагата, Ви благодараме – напиша неговата ќерка Мелиса.