По 19 години заврши учеството на Армијата на Македонија во мировната мисија во Авганистан

Заврши последната ротација на припадници на Армијата на Република Македонија во Авганистан. Нашите мировници се вратија дома, а со тоа заврши и скоро две декади долгото учество на Армијата во мисиите на НАТО – „ИСАФ’’ и „Одлучна поддршка’ во Авганистан, соопшти Министерството за одбрана.
Во периодот од 2002 до 2015 година, околу 3.000 припадници на Армијата беа дел од силите ИСАФ во Авганистан, на различни позиции и со различни задачи. Македонските војници, подофицери и офицери работеа како штабни офицери, припадници на единици на обезбедување на главната команда, инструктори во тимови за менторирање, а беа дел и од медицински и хируршки тимови. Во ИСАФ, свој придонес дадоа и специјалните единици, кои работеа заедно со припадниците на Националната гарда на Вермонт, во здружени тимови.
Македонија во ИСАФ соработуваше со поголем број на партнери, денеска сојузници – САД, СР Германија, Турција, Обединетото Кралство, Норвешка, Грција, Чешка, Франција, а офицери испраќавме и како дел од земјите на Јадранската повелба А3 со Албанија и Хрватска, односно подоцна и земјите од групата А5.
Од 2015-тата година, припадниците на Армијата даваа свој придонес во мисијата- наследник, „Одлучна поддршка“ и тоа со 500-тини припадници, распоредени во Командата за обука, советување и асистенција – главен град Кабул, под команда на Турција; потоа во Командата на мисијата предводена од САД, со задача обезбедување на командата; во тим за советување во командата – Север предводени од СР Германија; во рамките на заедничкиот придонес на групата А5 во Центарот за здружени операции на КОСА – Север и во хирирушки тим во норвешката Role-2 болница, во соработка со Кралството Норвешка.
Македонија ги повлече своите војници од Авганистан, во согласност со одлуката на сите земји-членки на Алијансата за завршување на мисијата „Одлучна поддршка“.
По повод завршувањето на учеството на Армијата во Авганистан, денеска во 10.50 часот, во касарната „Илинден“ ќе се одржи свечена церемонија на која ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски и министерката Радмила Шекеринска. На свечената церемонија ќе присуствуваат началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски, амбасадорите на САД Кејт Брнс и на Турција Хасан Мехмед Секизкок, генералите во Армијата и претставници на Воено – дипломатскиот кор.
Ново на Сител
-

Телефонски разговор Путин - Ердоган за судирите на Блискиот Исток
-

Природно од Преспа со Златко Левков | Неформално | Sitel Podcast 143
-

Нови израелски напади врз Бејрут, од јужен Либан истрелани седум ракети врз Израел
-

Трамп: Лесно можеме да ја отвориме Ормуската Теснина, да ја земеме нафтата и заработиме богатство
-

Папата Лав XIV го повика израелскиот претседател Херцог да ја заврши војната со Иран
-

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното
-

Flex Group ја лансира Flex Group Leadership Academy – стратешка иницијатива за развој на лидерството во организацијата
-

Туризмот се стабилизира по кризата, но вниманието кај патниците останува
