Македонија
15. March 2024 - 12:23

По 20 години проработе метео станицата во Карбинци

По 2 децении повторно се става во функција метеоролошката станица во општина Карбинци. Главна стопанска гранка на малата рурална општина е земјоделското производство, па во соработка со Центарот за развој на источниот плански регион беше склучен договор за оспособување на станицата. Земјоделците преку мобилна апликација ќе добиваат навремени и точни информации за временските прилики, но и останати параметри кои се важни за подобрување на квалитетот и квантитетот на посеаните култури.

- По пат на електронската апликација која е достапна на мобилните уреди ќе може да ги следат сите параметри кои се нудат од оваа метеролошка станица, како што се врнежи од дожд, количество на наврнат дожд, ветрови, откривање на потенцијални болести на земјоделските култури, UV индексот и многу други параметри кои се важни за земјоделците. Навистина направивме напори да биде оспособен овој уред затоа што е многу важен за понатамошен развој на земјоделието, изјави Виктор Паунов, градоначалник на Карбинци

Сумата која општината на годишно ниво ќе ја одвои за метреолошката станица да биде функционална не е висока и ќе може да се менаџира со пари од скромниот локален буџет.