По 39 години ја пронашла украдената внука
После долги 39 години потрага, една од основачките на организацијата „Бабите од Мајскиот плоштад“, Марија Чича Мариани, ја пронашла својата внука која аргентинската хунта и ја одземала како тримесечно бебе.
Како што пренесуваат странските медиуми, Клара Анахи, која исчезнала на 24 ноември 1976 година, станала 120-тото идентификувано дете кое воената хунта го одземала за време на своето владеење од 1976 до 1983 година.
Случајот на Клара Анахи беше светски познат поради отворени писма кои Мариани и ги испраќаше на својата внука.
Родителите на Клара, Даниел Мариани и Дијана Теруги, убиени се за време на диктатурата.
„Бабите од Мајскиот плоштад“ во Буенос Аирес веќе со години трагаат по исчезнатите деца. Според проценките, во текот на воената власт во Аргентина, околу 500 деца на политичките противници се одведени и дадени на посвојување на воените и полициските семејства.
Во август 2014 година, претседателката на оваа аргентинска организација, Естела Карлото, ја пронајде својата внука после 36 години трагање.
Ново на Сител
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари