По 70 години комплетно реновирани просториите на Службата за итна медицинска помош и домашно лекување
По 70 години од основањето и постоењето комплетно се реновирани просториите на Службата Службата за итна медицинска помош и домашно лекување во Струмица. Со претходно набавените нови возила и опрема заокружена е една функционална целина, со која медицинските тимови добиваат многу подобри услови за работа, а пациентите поквалитетна здравствена заштита.
Од ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица инфомираат дека со зафатот за озбезбедени достојни услови за пациентите и медицинскиот персонал.
-Набавивме нова медицинска и канцелариска опрема. Претходно го обезбедивме возниот парк со две нови комплетни санитетски возила и две нови амбуланти возила исклучиво за транспорт на пациенти, како и едно возило за домашно лекување за руралните средини. Со тоа заокруживме една функционална целина за професионално и стручно работење на Службата за итна медицинска помош и домашно лекување, информира директорката Љубица Митева.
Од Итната медицинска помош додаваат дека новите услови за работа значат многу и за нив, но и за пациентите бидејќи се работи за служба која покрива четири општини и има голем обем на работа.
Во Службата работат четири тимови со по два лекари и три медицински сестри и по еден возач за санитетското возило. Во едно деноноќие Итната помош има околу 20 повици за медицинска помош, а во амбулантата помош бараат меѓу 60 и 80 пациенти.
Од „Здравствен дом“ Струмица најавуваат дека до крајот на годината од сопствени средства комплетно ќе ја обноват линијата за парно затоплување, стара неколку децении. Планирана е набавка на уште еден имунолошки анализатор за Службата за лабораторија која подолго време не е функционална, а се планира и реконструкција на Службата за вакцинација.
Ново на Сител
-
Уапсен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
31 лице и 5 фирми ќе одговараат за криминали во ЕСМ
-
ФФМ призна дека ФК Силекс е елиминиран од судиите
-
ИЈЗ: Годинава има најмногу болни од грип – наредниот период се очекува намалување на активноста на вирусот
-
Тутунарите незадоволни од понудените цени за новата реколта, бараат 510, добија само 420 денари
-
Стармер кај Трамп на разговори за војната во Украина
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието