По четири години брак со милијардер, се разведува манекенката со најубаво тело во светот

Бракот на манекенката Ел Мекферсон и милијардерот Џефри Софер заврши после четири години, јави „Пејџ сикс“.
- Ели и Џеф дефинитивно ставија крај, рече добро упатен извор и додаде дека таа веќе ја напуштила нивнита куќа во Мајами и оти бара друга за себе и децата.
- Го поврзуваа со други жени, но тој тврдеше дека нема ништо повеќе од пријателство, откри извор за можната причина за разводот на бракот.
Манекенката, за која многумина тврдат дека има најдобро тело во светот поради кое заработи прекар „The Boby“, има два сина од својата врска со Арпад Бушон, а пред него беше омажена за фотографот Жил Бенсимон.
Австралиската манекенка и милијардерот беа заедно две години, па прекинаа, па повторно после осум месеци се смириле и тајно венчале во 2013 година на Фиџи.
Ново на Сител
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
-

Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет за лицемерие
