По драматична полициска потера излетал од пат - еве што пронашле во возилото
Петнаесетина минути по полноќ на автопатот А1 кај местото „Белов“ полициски службеници се обиделе да сопрат возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, со кое управувал Б.Д. од селото Стајковци, скопско, но возилото со голема брзина поминало пред нив и не застанало.
Полицијата информира дека полициските службеници со службено возило се упатиле по негои на крстосницата кај селото Тремник возилото се исклучило од автопатот и се упатило кон Термоелектраната Неготино, движејќи се по спореден полски пат, каде возачот изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во возилото и во непосредна близина биле откриени 11 лица илегални мигранти и тоа осум од Бангладеш и по еден од Сирија, Ирак и еден од Пакистан.
Возачот на возилото не е пронајден, а мигрантите се донесени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка. Од извршените проверки констатирано е дека на 11 месецов во 23.00 часот од страна на полициски службеници, на крстосницата Богданци –Дојран, истото возило било сопрено и извршено било легитимирање при што е утврдено дека возилото го управувал 43-годишниот Л.М. од Чучер Сандево-Скопје, а сопатник му бил 29-годишниот А.С. од селото Арачиново-Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Со 250 милиони евра годишно ќе се развиваат општините
-
Жителите на Оревоец судски и со блокади против ископ на материјал од страна на Бехтел и Енка
-
Велосипедистите бараат патека за поврзување на Охрид - Струга
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Панди Јани, претседател на партијата на слободата за Мала Преспа
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија
-
Јавните комунални претпријатија се превработени, но со несоодветен кадар
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија