По две и кусур децении нова песна на „Ласт експедишн“

„Браво дечки! Интелигентно и со срце!“, „Супер актуелно, а задржан вашиот звук!“, „Фантастично! Живели, и уште, ајде уште!!!“, се само некои од коментарите за новата песна на „Ласт експедишн“.
Со „Хеј хо“ македонскиот алтернативен рок бенд се враќа на сцената по цели 22 години.
Од вчера, откако беше објавена на „јутјуб“, песната досега има преку 4.000 прегледи. Бендот претходно ја најави на својата фејсбук страница и го промовира видео записот. Музика и текстот се на фронтменот Енис Хаџиќ-Енко, а аранжманот го потпишува „Ласт експедишн“. Снимањето, миксот и мастерот се на Мите Димовски.
-Одлично авторско враќање на „Ласт експедишн“. Ви велам секојдневно, а со секој следен ден се повеќе сум убеден…..оваа година ќе биде големо враќање на Македонскиот Рокенрол“, пишуваат некои од познавачите на домашната рок сцена.
„Ласт експедишн“ (Димитар Петров – тапани, Енко – бас, Сеад Хаџиќ – Сецко – гитара и Идриз Амети – вокал) се формираа во 1985 година. Нивната прва песна „Маршира пропаста“ е објавена во 1990 година.
Ново на Сител
-

Сончево и ветровито
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
