По едно самоубиство на деца и млади луѓе на секои 11 минути, покажува студија на УНИЦЕФ

Бројките се повеќе од алармантни, вели Зеинаб Хијази, коавторка на студија за младите и суицидот.
Според студијата на УНИЦЕФ, секое седмо дете и адолесцент на возраст од 10 до 19 години во светот живее со дијагностицирано ментално нарушување. Тоа вклучува проблеми во однесувањето, вознемиреност и депресија, од кои некои се толку сериозни што погодените креваат раце на себе. Тоа значи дека еден млад човек се самоубива на секои единаесет минути, вели експертот за ментално здравје на УНИЦЕФ, Зеинаб Хијази:
– Речиси 46 000 млади луѓе си го одземаат животот секоја година. Самоубиството е една од петте најчести причини за смрт кај групата од 15 до 19 години. Младите луѓе повеќе умираат само од сообраќајни несреќи, туберкулоза или насилство.
Во истражувањето спроведено во 21 земја, секој петти млад маж или девојка на возраст од 15 до 24 години, велат тие, честопати се чувствува депресивно. Во Германија, ова го изјавил секој четврти испитаник. Последиците од пандемијата на коронавирус очигледно се врвот на ледениот брег што постоел порано, предупредува извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриет Форе.
Ново на Сител
-

Излегувањето на Груби од куќен притвор поздравено со огномет, бакљи и петарди, тој се оградува: „Не го организирав јас“
-

Клековски наредната недела ќе има средба со повредените од пожарот во „Пулс“ за нивното понатамошно лекување
-

Убиецот на Тупак осуден на 40 години затвор
-

Пилот шест часа летал за да го ‘нацрта’ познатиот ‘Крик’ – 250.000 луѓе го следеле подвигот на Flightradar24
-

Светот е далеку од исполнување на целта за запирање на уништувањето на шумите до 2030 година
-

Ѓорѓиевски: Продолжува акцијата за чистење на Скопје на повеќе од 50 локации
-

Трамп: На „нашиот“ Гренланд се подготвува обемно истражување на нафта, гас и минерали
-

Денеска се слави Покровот на Пресвета Богородица
