-->
-->
По Ким Кардашијан, Канје Вест ќе биде гостин во Белата куќа
-->
Раперот Канје Вест е поканет во Белата куќа, соопшти портпаролката на претседателската резиденција, Сара Хакаби Сандерс, додавајќи дека е предвидено музичарот да има средба со претседателот Доналд Трамп и со неговиот зет Џеред Кушнер.
Разговорите ќе се фокусираат на реформите во затворската политика, намалување на насилството и на криминалните банди, особено во Чикаго, каде што раперот и пораснал.
Неодамна Трамп го пофали Вест, кој во една ТВ емисија се појави со капче со натпис „Да ја направиме Америка повторно голема” – слоганот на Трамп во претседателската кампања.(МИА)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Турски државјанин пронајден мртов во Скопје
-
MВР: Пронајдена метална кутија со 151 куршум
-
Стојановска и Биковски избрани за Републичко обвинителство, во ОЈОГОКК ќе се придружат Хаџи Василева и Азизи
-
Собранието донесе неколку закони и потребата за донесување на закони по скратена постапка
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Мицкоски на средба со претседателот на Австрија
-
До Нова година мониторинг, а потоа строги казни за оние што не го почитуваат Законот за нефер трговски практики
-
Просечната нето-плата во август 41 097 денари