По најавата на новите царини на Трамп, паѓаат акциите на повеќе светски автопроизводители
По најавата на новите царини од 25 отсто за увезените возила што ја објави американскиот претседател Доналд Трамп, акциите на „Џенерал моторс“ паднаа за осум отсто во тргувањето по работното време, а акциите на „Крајслер“, т.е. неговата матична „Стелантис“ и на „Форд“, со коишто се тргува во САД, паднаа за по околу 4,5 отсто.
Како одговор на најавената тарифа, Канада може да воведе реципрочни мерки против САД, соопшти канадскиот премиер Марк Карни.
– Ние ќе ги браниме нашите работници, ќе ги браниме нашите бизниси, ќе ја браниме нашата земја и ќе ја браниме заедно, изјави тој.
Прашан, кога Канада ќе одговори на мерките, Карни рече дека тоа ќе се случи наскоро, бидејќи Канада може да наметне контратарифи.
Во истовреме, јапонскиот премиер Шигеру Ишиба најави дека и Токио „ќе ги стави сите опции на маса“. Ишиба ги истакна значајните инвестиции на Јапонија во САД, како и фактот дека таму отвора работни места.
Во Азија, акциите на „Тојота“, „Хонда“ и „Хјундаи“ паднаа за околу три отсто.
Ново на Сител
-
Променливо облачно, попладне наместа со пороен дожд
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти