По немирите во Венецуела, растат цените на нафтата
Цените на нафтата на меѓународните пазари ја надминаа границата од 73 долари. Цените се зголемија откако лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гуаидо ја повика војската да го поддржи симнувањето од власт на претседателот Николас Мадуро.
На лондонскиот пазар, цената на барел нафта се зголеми за 1,12 долари во однос на претходниот ден и изнесува 73, 16 долари, додека на американскиот пазар со барел се тргуваше за по 1,17 долари повисока цена, која изнесува 64,63 долари.
Извозот на нафта од Венецуела е значително ограничен од американските санкции и економската криза.
Истовремено, саудискиот министер за енергетика Калид ал Фалих изјави дека координирано намалување на производството на Организацијата на земји-извознички на нафта (ОПЕК) и групата независни произведувачи, би можело да биде продолжено до крајот на годината. Според актуелниот договор, снабдувањето би требало да се намалува за 1,2 милиони барели дневно до крајот на јуни.
Ново на Сител
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол
-
Фон дер Лајен најави една милијарда евра помош од ЕУ за Либан
-
Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор
-
Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки