По обидот за преврат разрешени 800 вработени во турското Министерство за труд

Речиси 800 вработени во Министерството за труд на Турција се сменети од своите работни места по обидот за преврат извршен на 15 јули, пренесува БТА.
Министерот за труд Мехмед Муезиноглу изјави пред новинарите во Анкара дека заради претпоставени врски со исламистичкиот проповедник Фетулах Ѓулен, од неговото Министерство биле отстранети 785 лица.
Околу 100 илјади лица од Армијата, државниот сектор, поллицијата и правосудниот систем беа отпуштени или разрешени од функциите по обидот за воен преврат, кога фракција од војската се обиде да ја симне од власт Владата.
Турскиот министер за труд дополни дека 319 вработени во Министерстворо се под истрага поради можни врски со Ѓулен. Истовремено 383 лица, кои времено беа остранети од работа после обидот за преврат, се вратени на работните места.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
