По преземањето од „Луфтханза“, 5.000 од вкупно 8.000 вработени во „Ер Берлин“ ќе останат без работа
Договорот со кој најголемиот германски авиопревозник „Луфтханза“ ќе го преземе својот главен конкурент „Ер Берлин“ ќе значи оставање без работа на 5.000 од вкупно 8.000 вработени во оваа компанија.
„Луфтханза“ вчера ја претстави својата понуда, со која за 210 милиони евра ќе откупи 81 од вкупно 140-те авиони на „Ер Берлин“ и ќе задржи 3.000 вработени.
„Ер Берлин“ подолго време работеше со загуби, а пропадна откако неговиот стратешки партнер, „Етихад Ервејз“ од Дубаи, најави дека ќе ја запре својата финансиска помош за компанијата. која должи безмалку 1,2 милијарди евра.
Синдикални претставници на „Ер Берлин“ најавија дека ќе ја тужат компанијата поради непочитување на колективните договори, но од раковоството на авиопревозникот соопшти дека се сигурно оти 80 проценти од работниците бргу ќе најдат нова работа.
Вкупната инвестиција на „Луфтханза“ во „Ер Берлин“ може да достигне 1,5 милијарди евра.
Ново на Сител
-
Муртезани: Неодбивањето на предлогот за одложено дејство на Фор дер Лајен остава простор за решение
-
Шилегов обвини дека СДСМ е заробена, партијата му одговори дека Филипче е избран демократски
-
Филков: Време е за освежување во Комисијата за помилување
-
Претседателот на ЗЕЛС ги кани на состанок Костадинов и Јакимовски
-
Ленин Јовановски во Белград разговарал за донација на автобуси на Скопје
-
Шест нови лета од Скопје и Охрид
-
ССМ: Наместо граѓаните, корист од замрзнатите маржи имаа трговците
-
Преглед на вестите од светот