По пропаѓањето на трансферот на Кавани, Атлетико го враќа Караско
Откако пропадна трансферот на Единсон Кавани во Атлетико Мадрид по одбивањето на ПСЖ да се раздели со Уругваецот, „јорганџиите“ си обезбедија ново засилување. Станува збор за фудбалер кој им е добро познат на навивачите на тимот – Јаник Фереира-Караско. Белгискиот репрезентативец играше во Атлетико до пред две години кога беше продаден на кинески Далијан Ифан.
Крилниот играч веќе е во Мадрид, а сите детали за неговото враќање во тимот на Диего Симеоне се решени. Денес, Фереира-Караско ќе помине лекарски прегледи и ќе потпише со „рохибланкос“. Тој ќе биде отстапен до крајот на сезоната, бидејќи клубот не успеа да се раздели со Тома Лемар. Ова најверојатно ќе се промени во текот на летото и Белгиецот ќе стане сопственост на Атлетико.
Една од причините за враќањето на Фереира-Караско е наметната граница за плата за странските играчи во Кина. Границата стапи во сила на 1 јануари 2020 година и е 3 милиони евра. Ова натера многу „легионери“ да го напуштат шампионатот на најнаселената земја во светот.
Во 2015 година, Атлетико го купи Фереира-Караско од Монако. Напаѓачот одигра вкупно 124 натпревари за тимот и постигна 23 голови. Негов беше и изедначувачкиот гол во финалето на ЛШ против Реал Мадрид во 2016 година. Натпреварот заврши 1:1 во регуларното време и продолженијата, но „кралскиот клуб“ се радуваше по изведувањето на пеналите.
Во јануари 2018 година, Атлетико го продаде Фереира-Караско на Далијан Ифан.
Ново на Сител
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки
-
Инспекторатот на Општина Карпош провери 50 градби и изрече 26 казни
-
Синдикалната минимална кошница за април 2025 година изнесува 62.691 денари
-
Во Битола ќе се врши вонредно заловување на кучиња скитници во центарот на градот
-
Советот на Народната банка на седница ги усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за 2024 година
-
Намален е бројот на годишни пријави за семејно насилство во Куманово