По случувањата на Блискиот исток, нема промени на цените на горивата во Грција
Министерството за животна средина и енергетика на Грција и Министерството за развој и инвестиции на Грција внимателно ги следат случувањата на домашниот пазар на нафта и подготвени се да се справат со евентуални шпекулации поради текот на меѓународната цена на црното злато, е заклучокот од состанокот за случувањата на меѓународниот пазар на нафта и последиците на домашниот пазар, одржан во грчкото Министерство за животна средина и енергетика, jави дописничката на МИА од Атина.
По нападот во Саудиска Арабија, надлежните министерства и инволвираните страни одржаа состанок по кој рекоа дека ја следат ситуацијата на меѓународниот пазар на нафта и истакнаа дека не постои причина за загриженост за евентуално зголемување на цената на горивото.
-Сите инволвирани ја пренесоа пораката дека не постои посебна причина за загриженост, бидејќи многу од продажните места веќе го апсорбира малото зголемување на цените на големо и конкуренцијата функционира. Нема проблеми со снабдувањето. Резервите се доволни, а грчките рафинерии се флексибилни бидејќи можат да купат и преработуваат нафта од различни извори, рече заменикот министер за енергија на Грција, Герасимос Томас.
-Сакаме да ги увериме потрошувачите дека нема причина за загриженост. Механизмите за контрола се на терен, контролите продолжуваат, не е забележан никаков знак на шпекулација, реле заменикот министер за развој, Никос Папатанасис, веднаш по состанокот.
Паралелно, од Министерството за развој и инвестиции на Грција, соопштуваат дека по геополитичките случувања на Блискиот исток, внимателно ја следат ситуацијата и влијанието врз домашниот пазар на гориво. Во тие рамки, спроведуваат редовни контроли на цените, а формираа ад-хок тим за следење, регистрирање и анализа на меѓународните цени.
-За сега, пазарот се движи во нормален ритам и не се забележуваат отстапки во цените, во споредба со изминатиот период, соопштуваат од Министерството за развој и инвестиции на Грција.
Според официјалните податоци, нема промени во цените на горивата во Грција. Во текот на вчерашниот ден, безоловниот 95 бил во просек 1,59 центи за литар, безоловниот 100, чинел 1,81 евро, а дизелот, едно евро и 38 цент.
Ново на Сител
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња
-
Македонија оди на сè или ништо против Фарски Острови
-
Трговски центар во Варшава со 1.400 продавници изгоре во пожар | ВИДЕО
-
Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот Вучевски на слобода
-
Инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова
-
ВМРО- ДПМНЕ и Вреди договорија начела за соработка за идна влада