Живот
28. May 2016 - 13:02

По смртта на Бата и Драган Николиќ - почина уште еден славен актер

Србија загуби уште еден актер, по смртта на Драган Николиќ и Велимир Бата Живоиновиќ, актерот на српското Атеље 212, Џорџе Јелишиќ, почина синоќа во Дом за стари лица. 

Како што јавува РТС, овој актер се прослави по својата улога „Поп Спиро", во филмот кој беше прикажуван како мини серија. 

Роден е на 6 ноември 1925 година, а почнал да се занимава со глума во 1949 година. 

Последната улога ја одигра во 1984 година.

Тој имал повеќе од стотина улоги во својата кариера.

Нека почива во мир.