По убиството во Кавадарци, мајка со малолетно дете го напуштила градот
По убиството во Кавадарци за кое 45-годишен кавадарчанец доби 30 дневен притвор за убиство на 59-годишен сограѓанин,во јавноста излегоа информации дека расправијата на повеќе луѓе била околу старателство врз дете од вонбрачна заедница.
Од Центарот за социјални работи информираат за МИА дека ја контактирале мајката на детето Е.Р. која ги известила оти по сознанието за настанот што се случил, уште истата вечер, заедно со малолетното дете ја напуштила терторијата на Општина Кавадарци и се наоѓа на друга територија каде се чувствувала безбедно.
– ЦСР Кавадараци ќе преземе мерки согласно Законот за семејството, a кои се во интерес на правата на детето, посочуваат за МИА од Министерството за труд и социјална политика.
Според МВР, денеска околу 04:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода Х.С.(45) од Кавадарци. Тој се сомничи дека околу 23:30 часот, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на ул.„Методија Џунов“ во „Брушанско Маало“ во Кавадарци, при што биле употребени остри и тврди предмети, со остар предмет му нанел убодна рана на З.П.(59)од Кавадарци, кој подоцна починал во болницата во Кавадарци.
Во врска со настанот во Полициската станица Кавадарци досега бил извршен разговор со С.А.(37), А.А.(63), А.М.(42) и Џ.Х.(19), сите од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија