Балкан
8. March 2016 - 8:38

По весникот „Заман“, турската Влада ја презема и агенцијата Џихан

Турската новинска агенција Џихан ќе биде под управа на владини повереници, како што беше сторено и со најпродаваниот турски опозициски весник „Заман“, одлучи Судот.

Агенцијата Џихан е блиска до движењето, кое го предводи муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го обвини дека се обидува да ја урне Владата. 

Државната агенција Анадолија јави дена Судот именувал тројца повереници, кои ќе ја водат новинската агенција Џихан. 

Ердоган изминатите две години повеќе пати покренуваше судски процеси и спроведуваше чистки меѓу редовите на приврзаниците на Ѓулен. Ердоган и Ѓулен некогаш беа мошне блиски соработници.