Македонија
27. February 2024 - 16:44

По ВМРО-ДПМНЕ и ЛДП бара старите пасоши со печат „Северна“ да важат до истекот на рокот

Измените за законот за патните исправи кој утре ќе се најде пред пратениците нема да го реши хаосот со пасошите, вели собранискиот спикер Јован Митревски. Иако конкретно не одговори дали мнозинството од каде и самиот доаѓа ќе даде поддршка за да се продолжи важноста на пасошите со старото име, вели дека тоа се косело со сите меѓународни договори.

По барањето на ВМРО ДПМНЕ за кое ќе се расправа на седница и ЛДП бара измени на законското решение, по итна постапка. Патните исправи да важат до истекот на нивниот рок, но само ако во нив го има печатот “северна“.

За франција прашањето со пасошите е теоретско прашање, вели францускиот амбасадор во земјава. Бомгартнер со дипломатски одговор како ќе се однесува неговат земја во однос на македонците кои имаат важечки пасоши со РМ- обврските од меѓународниот договор се јасни, но правото на движење на граѓаните да се вратат дома не може да се прекрши.

А македонските државјани сепак ќе можат да патуваат со лична карта во Босна и Херцеговина. Заменикот за внатрешни Бојмацалиев разговарал со босанскиот колега за да се почитува Спогодбата потпишаната спогодба за патување во 2018-та година.

Со министерот Нешиќ разговаравме во насока на тоа во Босна и Херцеговина да може македонските граѓани да патуваат со лични карти, почитувајќи ја Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на Министри на Босна и Херцеговина за условите за патување на државјаните на двете земји, потпишана во 2018 година.

Во недостаток на официјални информации од МНР, дали е добиено известување и од други и држави кои имаат донесено одлука како ќе се однесуваат со македонските граѓани, Официјално влез со докуемнти со старото уставно име дозволуваат Србија, Албанија, Косово, Швајцарија и Полска.