По земјотресот скопјани имаа мирна ноќ - се смирува ли тлото?

Нов земјотрес со епицентар во Скопје вчера ги потресе граѓаните. Скопјани имаа мирен период по серијата земјотреси кои ги вознемирија и ги извадија од домовите. По силниот земјотрес на 11 септември, кој се случи во 15 часот и 10 минути, со магнитуда од 5,3 степени според Рихтер, што е најсилен земјотрес во Скопје по катастрофалниот во 1963 година, скопјани без без мир и без сон од серијата земјотреси кои следеа потоа. Секојдневно се тресеше тлото, а веќе неколку недели ситуацијата беше смирена, се до вчера.
Во текот на вчерашниот ден повторно земјотрес го стресе Скопје со магнитуда од 3,1 степени, на длабочина од 5 километри. Сеизмоилошката опсерваторија на при Природно математичкиот фактултет објави дека земјотресот бил со епицентар меѓу населбите Маџари и Инџиково.
Земјотресот беше почувствуван во Скопје и околината во 12:2.
Периодов и Балканот не престанува да се тресе. Утринава се регистрирани земјотреси во Грција, Албанија, и многу земјотреси во Турција.
Се наеваме дека тлото се смири и дека скопјани ќе имаат мирен период пред себе.
Ново на Сител
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
-

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
-

Мостот на Љубљанска готов до крајот на годината
-

Стереотипите се уште ги кочат мажите да одат на психолог или психијатар
-

Регионално решение за проблемот со кучињата скитници
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
