Побаран притвор за разбојникот кој се обиде да одземе мобилен телефон на случаен минувач
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против разбојникот кој се обиде да одземе мобилен телефон на случаен минувач на 16-ти мај на булеварот „Крсте Петков Мисирков“.
- Осомничениот на 16 мај годинава, околу 22:00 часот на бул. „Крсте Петков Мисирков“ со употреба на сила се обидел да одземе туѓ подвижен предмет – мобилен телефон марка „Ајфон С6“ во вредност од околу 40.000,00 денари. Тој се приближил до оштетената и започнал со тупаници да ја удира по главата и телото обидувајќи се да и го одземе мобилниот телефон кој таа го држела во рака. Откако жртвата дала отпор, сторителот насилно ја бутнал на земја и продолжил со физичкиот напад влечејќи ја за чантата. Но поради отпорот на оштетената и нејзиното силно довикување за помош, осомничениот се откажал од намерата и побегнал, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице. Предлогот на обвинителството бил прифатен и со решение на осомничениот му е определен притвор во времетраење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар