Побарани санкции зa советничката на Трамп, која ги измисли „алтернативните факти“
Канцеларијата за етика на американската Влада (ОГЕ) побара вчера санкции за Келиен Конвеј, висока советничка на претседателот на САД Доналд Трамп, бидејќи ги прекришила прописите, повикувајќи ги граѓаните да ги купуваат производите на ќерката на шефот на државата, Иванка Трамп.
- Станува збор за јасно кршење на забраната за користење на позицијата, оцени ОГЕ и ја повика Владата да „разгледа дисциплински мерки против Конвеј“, се наведува во писмото.
Сојузничките етички прописи им забрануваат на вработените во Владата да ја користат својата позиција за рекламирање производи на свои пријатели.
Келиен Конвеј во интервју за емисијата „Мит д прес“ (Meet The Press) на телевизиската куќа Ен-Би-Си го создаде изразот „алтернативни факти“.
Водителот Чак Толд ја притисна околу контроверзниот прв настап на претседателскиот портпарол Шон Спајсер, кој изјави дека инаугурацијата на Трамп беше најпосетената на сите времиња, а таа одовори: „Вие велите дека тоа е лага. А тие дадоа, Шон Спајсер, нашиот портпарол, изнесе алтернативен факт“. На овој начин настана сега познатиот израз „алтернативни факти“.
Во интервју за телевизијата Фокс од Белата куќа Конвеј со повикот до Американците да ги купуваат производите на Иванка Трамп одговори на одлуката на трговскиот ланец Нордстром да ја повлече линијата на облека на ќерката на Трамп.
- Купете нешто од производите на Иванка...јас денеска нешто ќе купам, рече Конвеј во интервјуто за Фокс Њуз од Белата куќа.
- Тука ќе дадам бесплатна реклама: Купете денеска нешто сите, рече таа само еден ден откако претседателот го критикуваше Нордстром, кој како причина за ваквата одлука го наведе падот на продажбата.
Ново на Сител
-
Се утврдува намалениот промет од бојкотот на маркетите, решение за високите цени низ дијалог
-
Повици за одговорност за смртта на Фросина, законски измени за поголеми казни во сообраќајот
-
Шест лица загинаа при пад на авион за превоз на пациенти во Филаделфија, меѓу патниците имало девојче
-
Почувствуван земјотрес во Скопје
-
Сончево со локална облачност
-
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
-
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар