-->
-->
Победа на Сосиедад на гостувањето кај Лас Палмас
-->
Фудбалерите на Сосиедад забележаа победа на гостински терен кај Лас Палмас во воведниот натпревар од 24.коло на шпанската Примера.
Стрелец на единствениот гол на мечот беше Чаби Прието во 74.минута. Со новите три освоени бодови Сосиедад се доближија на само еден бод од четвртото место, кое носи пласман во Лигата на шампионите, а на кое се наоѓа Атлетико Мадрид кој во ова коло го игра дерби мечот против Барселона.
За денеска закажанои се четири натпревари:
13:00 Алавез – Валенсија,
16:15 Бетис - Севиља ,
18:30 Леганес - Депортиво Ла Коруња и
20:45 Еибар – Малага.
Утре покрај дербито во Мадрид во кое Атлетико ќе ја пречека Барселона во терминот од 16.15 часот, во останатите средби ќе се сретнат:
12:00 Еспањол – Осасуна,
18:30 Спортинг Хихон - Селта Виго,
18:30 Атлетик Билбао – Гранада и
20:45 Виљареал - Реал Мадрид.
Табела: Реал Мадрид 52 бодови (-1 натпревари помалку), Барселона 51, Севиља 49, Атлетико Мадрид 45, Сосиедад 44, Виљареал 39,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велешката болница доби два нови апарата, за ортопедски и за уролошки интервенции
-
Приведено лице - соизвршител на кривично дело „убиство во обид“
-
Приведен кавадарчанец, со возило се движел по улицата каде се одржувал „Кавадаречки полумаратон“
-
Општина Аеродром казни угостителски објект со 6.000 евра за бучава поголема од дозволеното
-
Од утре попладне дожд, во сабота 28 степени
-
Тешка сообраќајка на влезот во Битола, две жртви и едно тешко повредено лице
-
Приведени дрвокрадци во неготинско, следува пријава
-
Додик не дојде на сослушувањето во Обвинителството на БиХ