-->
-->
Победа за Кузмановски
-->
Македонскиот ракометен вицешампион Металург оствари важна победа(26:20) над Татран Прешов вчера во рамките на Ц групата од Лигата на шампионите и со осум бодови се проби на третото место на табелата. Со евентуални два триумфа во последните две кола може да обезбеди уште два натпревара.
Победата е сосема заслужена и е извојувана, иако на самиот почеток од дуелот се повреди репрезентативниот бек Филип Кузмановски.
- Среќен сум за победата, но тажен заради повредата на Филип Кузмановски. Ова е голем удар за нашиот тим (Металург) и за македонската репрезентација. Но, ние мора да бидеме присебни и да се молиме повредата да не е сериозна. Успеавме да одиграме добро и да освоиме два бода, кои не оставија во трката за второто место.
Со десет голови капитенот Филип Талески беше повторно најдобар играч на теренот заедно со голманот Дарко Арсиќ, кој имаше 16 одбрани.
- Ова беше многу добар натпревар и важна победа. Успеавме да одиграме на високо ниво во текот на целиот дуел и голманот Дарко Арсиќ со своите одбрани направи разлика. Оваа победа е за Филип Кузмановски, кој се повреди на самиот старт на натпреварот,изјави Талески.
Металург во следното коло гостува кај шпанската екипа Ла Риоха која се наоѓа на второто место на табелата со еден бод повеќе од нашиот тим
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови