-->
-->
Победи на Барселона и Атлетико во четвртфиналето од Купот на Шпанија
-->

Екипите на Барселона и Атлетико Мадрид остварија победи проти Сосиедад и Еибар во првите натпревари од четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Шпанија.
Барселона, по речиси десет години пауза конечно се радуваше на триумф на стадионот „Аноета“ во Сосиедад каде за последен пат триумфираа во мај 2007.
Синоќа, Барселона го совлада Сосиедад со 1:0 со голот на Нејмар од пенал во 21-та минута.
Атлетико Мадрид лесно оствари триумф од 3:0 против Еибар.
Потсетување дека ден порано се одиграа две средби, во кои победи забележаа гостинските тимови, Реал Мадрид - Селта Виго 1:2 и Алкоркон – Алавез 0:2.
Реванш натпреварите на програмата се на 24 и 25 јануари, по што ќе бидат познати и полуфиналните двојки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сончево до крајот на седмицата, утринска магла по котлините
-

Кривична за тројца бугарски државјани кои биле затекнати со делови од македонски народни носии
-

Вечерва во 18 часот се осветлува Скопје: Ѓорѓиевски најави богата новогодишна програма на плоштадот „Македонија“
-

ВМРО-ДПМНЕ со своја Резолуција во Собранието
-

Медиуми во Австралија: Крвавот напад на плажата Бонди го извршиле Саџид и Навид Акрам
-

На грчки брод откриени неколку тони кокаин
-

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница
-

Фудбалер на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден убиен во пукањето во Сиднеј
